UNItears е многу безбеден производ кој може да се користи како вештачки солзи за деца од 2 години, како и за адолесценти и возрасни. Исто така, погоден е за луѓе кои носат контактни леќи.

Особено се препорачува за сите лица кои приметуваат дека им се сушат очите со тек на годините.

UNItears може да се користи за:

  • Недоволно производство на солзи
  • Синдром на суво око (keratoconjunctivitis sicca)
  • Во случај на помали повреди или на помала корозија на рожницата 
  • Во случај на навлегување на помали честички во конјуктивната вреќа по операција на окото 
  • Во случај на непријатност на окото (пецкање, гребење, чувство на песок во очите) како последица на иритација на окото со ветар, прашина, чад, загаден воздух…
  • Во случај на замор на очите како последица на долготрајно читање, гледање на телевизија, работа на компјутер или возење 
  • Во случај на суви очи во менопауза
  • Како вештачки солзи за кучиња и за домашни миленици