UNItears содржи некои од најпознатите и најефикасните состојки за лекување на синдромот на суво око, хипромелоза и декспантенол.

ХИПРОМЕЛОЗА

Хипромелоза е обично позната како хипоксипропил метилцелулоза (HPMC). Toа e хидратантно средство и создава филм на површината на окото, но инаку е неактивна состојка. Хипромелозата дејствува како вештачка солза и наменета е за локална администрација во офталмологијата. Создава привремен заштитен филм на површината на окото и површината на окото ја прави добро влажна, со што се намалува иритацијата.

ДЕКСПАНТЕНОЛ, ВИТАМИН Б5

Декспантенол е дериват на пантотенска киселина, витамин на Б група. Овој про витамин има способност да врзе поголемо количество на вода, така да ја навлажнува површината на окото, но и придонесува за побрза регенерација на клетките на површината на рожницата.